Жителите на Кадино село и Мало Коњари можат да поднесат барања за утврдување на штета до петок (11.07.2025)

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Се информираат сите жители од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на 63-та  седница на Совет ќе формира стручна комисија за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка.

„Ги информираме жителите од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека од денес 08.07.2025 година до 11.07.2025 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

  1. Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб страната на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/
  2. Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост (имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар дека ја работи нивата и сл.)
  3. Копија од лична карта
  4. Копија од трансакциона сметка
  5. Контакт телефон“, велат од Општина Прилеп.

Крајниот рок за доставување на барањата за утврдување на штета од настанатата непогода е петок, 11.07.2025 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира