На 08.02.2019 година во 17,00 часот во Полициското одделение Ропотово В.А.(21) од с.Црнилиште пријавил дека истиот ден околу 16,30 часот со негов другар со возило се упатиле во атар на с.Црнилиште, а со него носел и воздушна пушка сопственост на неговиот татко. Кога стигнале кај гробиштата В.А. забележал едно куче и со пушката испукал еден проектил кон кучето и го погодил.
„По кратко време дошол А.Б.(47) од с.Црнилиште кој ги напасувал овците и го прашал зошто му го убил кучето по што му ја одзел пушката и со стап го удрил неколку пати. Истиот ден А.Б. во Полициското одделение Ропотово пријавил дека В.А. со воздушна пушка го усмртил неговото овчарско куче. В.А. бил приведен и со него бил извршен разговор и се превземаат мерки целосно расчистување на случајот“, соопштуваат од СВР Битола.