Премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка ако референдумот за договорот за името биде неуспешен.
„Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО“, рече Заев.
Заев во гостувањето во емисијата „Уреднички брифинг“ на „1ТВ“ рече дека со Грција постигнале фер решение за името што е базирано на факти и истакна дека треба да им се даде шанса на граѓаните да се изјаснат по ова прашање на референдум.
Тој додаде дека Македонија нема „План Б“ и дека земјата „не само што оствари успех и пријателство, туку и направи модел за решавање на тридеценискиот спор. Тоа е модел што може да се користи во пракса.“
Заев истакна дека во владеачката коалиција се уште не размислувале за референдумското прашање, но ќе биде поврзано со одлуката за името и со ЕУ и НАТО.