Заев: Договоривме соработка со ДПА за локалните избори

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Заев напиша дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини.

„Со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври“, напиша Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци