Заев не се откажува од предлогот “Република Илинденска Македонија”

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев изјави дека предлогот “Илинденска Македонија” не отпаѓа и дека треба да му се даде шанса на истиот. Заев посочи дека овој предлог го сочувувал достоинството, ги исполнувал условите на Грција и очекувањата на граѓаните на двете земји.

 

„Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница“, рече Заев.

 

Според премиерот, Илинден и нашето Илинденско востание во 1903 и 1944 година немаат никакви територијални претензии и ништо не се загрозува од страна на Грција.

 

„За нас е важно затоа што не задира во нашиот идентитет, напротив го јакне, го сочувува нашето достоинството и ги постигнуваме условите кои за нас се важни, а исто така грчката страна добива ново име – сложено, добива одредница и уставни промени“, рече Заев.

 

Тој изрази верба дека разговорите ќе продолжат и треба да му се даде шанса на овој предлог кој, како што додаде, верува оти е решение за 25-годишниот спор.

 

„Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа прифативме ние уставна промена, затоа што е решение кое не нè понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови“, нагласи премиерот Заев пред Кривичниот суд.

 

Заев посочи дека состанокот во Њујорк на 24 и 25 меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција и Метју Нимиц е закажан од претходно и изрази верување дека решение може да се пронајде.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира