Заев: Растот на цените во државата е помал од растот на цените на светско ниво

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

На новинарско прашање за растот на цените во  Македонија, премиерот Зоран Заев кажа дека растот на цените кој што се случува во државата не е поголем туку е помал од генералниот раст на цените на светско ниво.

„Растот на цените кој што се случува во државата не е поголем, напротив е помал од генералниот раст на цените на светско ниво. Kорона кризата предизвика одредени проблеми, кои направија покачување не само на прехранбени продукти туку и на метални и други производи. Кај нас се уште инфлацијата е 1.8% коригирана е во буџетот и очекуваме да не помине 2.2% тоа е во рамките на нормалата и за секој пад државата е тука да интервенира. Нашата интервенција за намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на 5 % за 13 % е токму една од најважните услуги, електричната енергија влијае на сите други цени и сеу ште ја држиме стабилно да не се покачува“, кажа Заев.

Тој додаде дека засега нема причина за поскапување на лебот, бидејќи пазарните услови се исти, а воедно државата прави откуп на пченицата за државните резерви и повторно ги пушта во промет во улога на балансер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира