Заев: Стопанска банка во Скопје, а и другите банки се стабилни, шпекулациите се само зла намера

 

Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Сите банки и Стопанската банка – Скопје како и другите банки се стабилни, изјави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата.

„Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Деновиве овие шпекулации што излегуваат навистина се со зла намера да наштетат на депозитната база и на банкарскиот сектор. И најголемата банка Стопаска банка во Скопје и другите банки се стабилни и финансиски ликвидни“, рече Заев.

Тој наведе дека позитивни трендови се утврдени во кредитирањето на населението и стопанството. Како што рече, во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4 % на годишна основа, во услови на раст за кредитите за домаќинствата за 7,1 % и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4 %. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1 %.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира