Започна миењето на сообраќајниците и тротоарите низ Прилеп

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

ЈКП „Комуналец“ започна со темелно миење на сообраќајниците и тротоарите во градов. Заради ниските ноќни температури и неможноста оваа операција да се извршува во ноќните часови, се информираат граѓаните дека миењето на улиците ќе се одвива од 06.00 часот наутро, па се до пладневните часови.

„Граѓаните да бидат стрпливи, посебно возачите на автомобили, зашто оваа операција ќе потрае подолго време, се додека улиците не бидат комплетно исчистени од остатоците од зимското одржување и наталожената прашина. Разбирливо е да се јавува одредена нервоза кај граѓаните, но истите треба да се воздржат од реакции спрема вработените од „Комуналец“, зашто првото миење и чистењето на се она што остава зимата зад себе е најтешката операција за нив“, велат од „Комуналец“.

Генералното чистење низ градов ќе се одвива месецов по Програма за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чистота низ градот и здрава животна средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира