„За копнежот, љубовта и зборот“ – збирка на песни од писателката Марија Кулеска

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Збирката на песни „За копнежот, љубовта и зборот“  од писателката Марија Кулеска излезе од печат. Марија е поет, писател, професор и лингвист. Ова е нејзина прва поетска збирка. По своето дипломирање, на 22 годишна возраст, на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за  англиски јазик и книжевност, активно се занимава со писателска дејност. Во 2020 година го издаде својот прв роман „ Холограм од емоции “.

„Овие стихови се одраз на доживување кое продира низ духот на индивидуалното и го пренебрегнува времето и просторот. Ги допира копнежите на човек. Го соединува парадоксалното во едно. Како да љубиме и да сме слободни ? Како да копнееме, ама копнежот умствено да го  усмеруваме ? Оваа збирка е милување на душата и бранување на емоциите. Поетскиот израз импонира, со цел да ослободи од монотонијата и бессмисленоста на секојдневниот навик. Имено, поезијата е чувствување на пулсирањето на жиличките, кои се под површината на човековото постоење. Поезијата е разденување на душата и зората на страственоста кон самото живеење.  Таа е разлистување на самите копнежи како што кажува и самиот наслов. Љубовта е она што човек го остава како завештание зад себеси. Зборот е животворна сила со која човек гради сводови од копнежи, љубов и мненија. Зборот го допира интимното во поетот. Тој е одраз на најинтимниот дијалог кој човек го води со себеси“, вели писателката Кулеска.

Промоцијата ќе биде на 15-ти април во 18 часот во кино салата Мис Стон. Промотор е професорката Сузана Николоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира