Времето денеска во Прилеп ќе биде сончево со мала доумерена облачност и слаб умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 14 степени, додека максималната ќе се искачи на 26 степени.
Според најавата на УХМР за Прилеп за утрешниот ден се очекува променливо облачно време со врнежи од дожд и грмотевици во попладневните часови. Се очекува поладно време, со утрински температури до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачи само до 18 степен, што е блиску до рекордот на најниска максимална дневна температура во летниот период во Прилеп од само 16 степени.
За време на викендот се очекува стабилно и сончево време.