ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Тоа што двајца генерални секретари на Влада се во судски процеси за корупција е лошо од една страна бидејќи тоа значи дека се работело лошо, но од друга страна е добро бидејќи покажува дека тоа е откриено и процесуирано т.е. не било прикриено. На граѓаните особено им пречи неказнивоста на моќниците, вели Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за Утрински брифинг.
Ивановска вели дека секоја влада до сега практикувала да извлече средства од буџетот за да ги задоволи своите гласачи.
„Видовме договори за авторско дело но немаше авторско дело. Имаше и авторски дела, но тоа беше по исклучок. Очекувам да се напуштаат старите лоши практики од претходната влада кога ќе дојде нова. Проблем е тоа што сите функционери си прават мали влади од своите кабинети. Тоа се премногу луѓе што се носат во министерствата однадвор во услови кога има доволен број вработени во самите министерства“, вели Ивановска.
Според Иваноска се претерува со политичката агенда при вработувањата, односно на државната администрација ѝ требаат стручни луѓе, а не партиски членови.