Изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ во Прилеп

Во петок 16.11.2018 од 12.00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27 пат годинава ја организираше Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

 

На увид пред јавноста ќе бидат 25 дела создадени од 15 уметници – учесници на колонијата од Македонија, Русија, Бугарија, Србија.

 

„Лесново“ е меѓународна ликовна колонија на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, од Русија, Бугарија, Англија и Србија, кои инспирирани од убавата природа создале  вредни уметнички творби. Ги овековечиле убавините на Лесновскиот манастир, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, карпестото опкружување….

 

Преку колонијата „Лесново“ се промовира и анимира овој културен регион во Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци