Изложба на Каролина Мицевска „75 за 75″ на театарски фотографии, за 75 години на театарот „Војдан Чернодрински“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Синоќа во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата.

„75 за 75 е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот м- р Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии“, рече Стојаноска.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е  избор на фотографии од  претстави  кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.

Изложбата,која предизвика голем интерес во јавноста, е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира