Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Дел од програмата за Карневалот Прочка годинава беше и објавениот конкурс за избор на најдобра уметничка фотографија, кој општината го спроведе во партнерство со Фото Кино Клубот од Прилеп.
Конкурсот беше објавен во март, а учество зедоа повеќе фотографи од Македонија.
Кои фотографии се наградени ќе соопшти избраната комисија и воедно ќе го најави отворањето на изложба од 30 избрани фотографии од учесниците. Изложбата на уметнички фотографии „Прочка 2023″ ќе се одржи во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп во четврток, 22 јуни, со почеток во 19:30 часот.
Овој конкурс отвори можности за сите граѓани на Република Македонија да ја изразат својата креативност и уметничка визија, преку потенцирање на културното значење на карневалот.