Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Тополчани со 35 литри – во Прилеп 22 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатото деноноќие падна во Тополчани 35 литри на квадратен метар, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. УВ=5.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира