Интернационален извиднички камп во Крушево

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во Крушево од денеска до 21 јули ќе се одржува тринаесетата Македонска извидничка смотра, што ја организира Сојузот на извидници на Македонија (СИМ). На интернационалниот камп ќе учествуваат повеќе од 1000 деца и млади од земјава и од уште 15 држави од регионот, Европа и светот.

Еднаш, на секои пет години, како дел од својата програма, СИМ ја организира извидничката смотра, која претставува едукативен, авантуристички, повеќедневен камп за деца и млади. Овој настан годинава се организира под мотото „Достигни ги височините”.

Секојдневната програма ќе биде збогатена со дебати, трибини и панел дискусии на кои ќе се дискутираат прашања од важност за младите, а ноќната програма ќе сочинува музички репертоар составен од Суперхикс, DJ Гоце САФ и Day Off, културно-уметнички манифестации, талент шоу и филмски вечери поддржани од МакеДокс.

Генерален покровител на настанот е претседателот Стево Пендаровски, а логистичката поддршка ја обезбеди Армијата на Северна Македонија. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира