Кампања на Влада: „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“, Заев повика граѓаните да пријавуваат корупција

Facebook
Twitter
Email
Print


Владата од денеска ја почнува кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.

Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да не се плашат и да почнат да пријавуваат корупција, на денешната прес-конференција со вицепремиерот Љупчо Николовски. Но, рече дека на проверка на профит кој не се совпаѓа со заработувачката, освен јавните функционери и администрацијата, ќе бидат подложни и граѓаните.

„Граѓани не се плашете, пријавувајте корупција. Најсилната помош која треба да ја добиеме е од граѓаните. Тие треба да пријавуваат“, порача Заев.

Вицепремиерот Николовски рече дека во изминатиот период се менува пристапот и оти сега секој може со само неколку клика да ги види сите јавни набавки, учесници во тендери и други информации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира