Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
На 30.06.2023 Џудо Клубот Сеишин – Прилеп, за крај на првата полусезона организираше клубски турнир во џудо „СЕИШИН-2023“ за најмалите возрасни категории, членови на клубот. На овој турнир учество зедоа околу 70 членови кои припаѓаат на возрасните категории деца, помлади пионери и пионери во машка и женска конкуренција!
Она што можеше да се види беше преполна и претесна спортска сала, многу задоволство и детски насмевки кои го практицираат овој олимписки спорт! Додека пак родителите и сите присутни можеа да ги проследат борбите на џудистите членови на Сеишин кои прикажаа што научиле досега.
По ова за малата возрасна категорија членови на Сеишин следува пауза за летен одмор, додека пак стручниот тим на ЏК Сеишин-Прилеп останува да работи со дел од возрасната екипа заради претстојните настапи на дел од репрезентативците на меѓународно ниво.












