Ковачевски: Во Прилеп нема ниту еден нов проект, нула, ама затоа има поскап јавен превоз, поскап паркинг

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Прилеп ја критикуваше локалната власт во општината.

„Самите гледате дека овде во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од СДСМ ама нов проект нема. Нула! Ама затоа имате поскап јавен превоз, поскап паркинг. Наместо да понудат помош и поддршка, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, бараат пари од Владата, а во работно време на општински настани го шетаат шпицниот кандидат Мицкоски и му реферираат пред камери. Ништо не се менува, иста школа иста матрица“, истакна Ковачевски.

Ковачевски рече дека Владата обезбедила средства за патот на влезот во Прилеп од страна на Крушево и за водоводот за манастирот Трескавец, но општината потфрла и се уште нема реализација.

„Но затоа СДСМ е тука за прилепчани. На самиот крај е реконструкцијата на патот на превојот Плетвар, инвестиција од 4 милиони евра. Интензивно се работи за следен проект да биде и негово проширување онаму каде не постои трета лента. Ете затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, затоа изгубија на предвремените локални избори во август, затоа ќе изгубат и на редовните парламентарни избори во 2024 година“, нагласи Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира