Ковачевски: Втората делница од експресниот пат кон Прилеп е скоро завршена

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот регион, но и за целата држава. Според него, втората делница од овој експресен пат, е половина завршена и досега сите рокови се запазени.

„Тунелот Фариш, кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо. Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

Тој потенцира дека повеќе граѓаните нема да чекаат со децении и затоа власта ги дефинирала најзначајните инфраструктурни проекти, за кои, како што рече Ковачевски, ќе инсистира да се завршат во дадениот рок.

„Затоа уште сега во декември, ќе ја пуштиме во употреба делницата Фариш – Прилеп, на превојот Плетвар, каде на почетокот на овој месец бев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Зададените рокови тогаш се исполнуваат, тие имаат уште околу десетина дена, јас верувам дека ќе имаме готов, отворен и функционален пат во зададениот рок“, истакна Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира