Кога државниот имот се пусти, оставен на милост и немилост, а за тоа никој не одговара


Куќарката која требаше да биде соодветна „Инфо Точка“, во близина на „Слонот“ на Маркови Кули комплетно е уништена. Последно некој таму ги искршил и прозорците. Претходно од неа беше украдена ПВЦ вратата, а овој објект никогаш не профункционира за намената за која беше изграден. Оштетена и искршена е и дрвената Инфо табла.

Инаку ова беше изградено тука како дел од проектот кој го реализираше УНДП, со грант од ЕУ, вреден 100.000 евра, а со кој требаше да се заштити и доуреди овој комплекс. Претходно беа уништени и двата изградени летниковци.

Со ова се отвора прашањето кој е одговорен за овој проект и зошто се дозволува негово уништување, затоа што дел од проектот требаше да биде и воведување на ренџерска служба која требаше да го чува целиот локалитет. И како е можно никој да не одговара за вака потрошените европски пари!?

Неразбирливо е зошто се уште не е реализиран овој проект на ЕУ за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, координиран преку УНДП, а чиј носител беше токму Општина Прилеп. Проектот требаше да заврши уште пред 2 години, а тоа не е реализирано.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира