Научниците веќе утврдиле дека постојат песни што се ,,корисни” за возачите , а има и такви кои никако не се препорачува да се слушаат додека се вози.
Според студијата на британскиот Moneybarn, повеќето хитови кои сите возачи сакаат да ги слушаат додека возат , се опасни. Така во студијата е наведено дека клучни фактори се ритамот и јачината на тонот. Музиката со повеќе од 120 БПМ е вистинска опасност за сообраќајот. Советуваат дека најдобро е да се смени музиката веднаш штом се вклучи некоја од ,,опасните” песни.
Така, меѓу најопасните е Green Day и нивниот хит ,,American idiot”, следуваат Miley Cyrus, The Killers и други. Од друга страна , околу 30 % од најпопуларните песни се сметаат за ,,сигурни” , меѓу кои апсолутен победник е Led Zeppelin и Stairway to Heaven.
Со студијата е потврдена и една теорија , која им е позната на сите. Гласната музика го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и го скратува времето на реакција.
Топ 5 ,,најопасни” песни за возење
1. American Idiot – Green Day
2. Party in the U.S.A – Miley Cyrus
3. Mr. Brightside – The Killers
4. Don’t Let Me Down – The Chainsmokers
5. Born to Run – Bruce Springsteen
Топ 5 ,,најсигурни” песни за возење
1. Stairway to Heaven – Led Zeppelin
2. Under the Bridge – Red Hot Chili Peppers
3. God’s Plan – Drake
4. Africa – Toto
5. Location – Khalid