Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за вршител на должноста откако новиот Управен одбор го разреши досегашниот директор Ејуп Рустеми.

Новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта ќе има на располагање на 600 милиони евра. ЈПДП остварува најголеми приходи од акцизата од деривати од нафта, годинава се очекува тие да бидат 90 милиони евра. Втора ставка во Буџетот се приходите од надоместокот од патарина кои годинава се планирани на над 70 милиони евра, од патната такса која се плаќа при регистрација на возило, ЈПДП добива околу 38 милиони евра.

Од другите приходи од работењето како што се наплата од поставување натписи и билборди во заштитниот појас на автопатите, приклучување на пристапен пат на државан пат, поставување на инсталации во трупот на патот, изградба на бензински станици, прекумерно користење на пат, вонреден превоз и од штета сторена на патот, ЈПДП очекува прилив од околу 1,5 милиони евра.

ЈПДП ќе добие и приливи од странски кредити кои се подигнати за да се доправи автопатот Кичево-Охрид и да се изградат коридорите 8 и 10д. Приливите од Светската банка (кредит и грант, кредитите од ЕБОР и од Ексим Банка Кина се 9,45 милијарди денари или 153 милиони евра.
На овие суми се додаваат и средствата од Буџетот за 2024 година за инвестиции во патна инфраструктура, како и средства од 2023 кои се пренесуваат за истата ставка.

Досегашниот директор на ЈПДП Рустеми на оваа функција беше од 2020 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира