Кој го избруса зборот „БУГАРСКИ“ од споменикот на Богомилската епопеја близу Јасеново?


Оштетен е споменикот на Февруарскиот Поход-Богомилската Епопеја, што претставува еден поголемите историски настани за македонскиот народ. На споменикот пишува:

„Вие, хероите од славната богомилска епопеја, во нерамната борба со БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР ги дадовте своите животи за среќната иднина на нашите млади поколенија”

Деновиве непознати сторители го избрусале зборот „БУГАРСКИОТ“ и дел од зборот ФАШИСТИЧКИ”. Случајот го детектирале членови на Левица од Прилеп кои потоа истиот го споделија на социјалните мрежи.

„Со ова доаѓаме до заклучок дека власта со полна пареа е спремна да ја промени историјата на Македонија за наводна европеизација. Левица Прилеп ова сквернавење строго го осудува и најавува дека ќе излезе со кривична пријава за истото. Според Кривичниот законик на Република Македонија за оштетување на културно наследство е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Историјата на Македонија не е на распродажба за влез во ЕУ и Левица Прилеп ќе се залага локалните историски споменици да останат патоказ за храброста на македонските партизани за идните генерации“, велат од Левица Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира