Кривична пријава за угостителски објект од Прилеп поради непочитување на протоколите

 

 

Инспекторите од Пазарниот инспекторат затвориле еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа и поднеле две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 овој месец.

 

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција во Владата информираше дека во овој временски период направени се вкупно 5503 контроли од кои Пазарниот инспекторат има направено 3743 контроли и 614 надзори. Здравствниот и санитарен инспекторат спровел 67 надзори и издал шест решенија поради коснтатирани неправилности. Здраствените инспектори во овој период издале и 11 523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице.

 

„Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но во целиот процес потребна и поддршка и помош од секој граѓанин преку почитување на мерките, но и од стопанственците преку почитување на здравствените протоколи. Оваа поддршка ни е потребна повеќе отколку во изминатите осум месеци“, истакна Филиповска-Грашкоска на прес-конференцијата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира