Кризна состојба во енергетскиот сектор од август, можни се и рестрикции

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека се планира во август да се прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија. Состојбата е непредвидлива и сериозна и претстојната зима ќе биде тешка.

„Ние планираме како Министерство за економија да ја ставиме во функција комисијата и во август да прогласиме кризна состојба во делот на електричната енергија. Во таа кризна состојба предвидени се и рестрикции, но ако нема забрана за увоз на електрична енергија во регионот како што беше случај еднаш со Бугарија, тогаш нема да има рестрикции за граѓаните“, истакна министерот Бектеши.

Тој информира дека кризната состојба би била со цел да се интервенира финансиски, зашто вчера интервенирала ЕБОР со 100 милиони евра за потребите на ЕСМ.

„Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Зборуваме за три блока во РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј и за ТЕЦ Неготино. А треба да ги сочуваме и хидрокапацитетите за да имаме електрична енергија за зимскиот период. И на следниот состанок на Опен Балкан ќе се обидеме да споделуваме податоци за економските потреби на другите земји и покрај одлуките за извоз. Ова ќе важи и за електричната енергија и за другите енергенси ако некоја земја ги има на располагање“, додаде Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира