Крушево ќе добие „ин аут“ кино, иницијатива на младите

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На денешната 10-та седница на советот на општина Крушево се донесе одлука за кофинансирање на проектот за оспособување на т.н. „ин аут“ (In Out) кино во СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево. Иницијативата за оспособување на едно вакво кино доаѓа од СОУ „Наум Наумовски Борче“, неформална група на млади од Крушево и организацијата Младински Сојуз – Крушево, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Амбасадата на Кралството Холандија ќе учествува во проектот со 2.000 евра, додека финансирањето од општина Крушево е 1.000 евра.

„Ги слушаме барањата на младите и драго ми е што покажуваат креативност и сакаат да го подобрат своето секојдневие со повеќе содржини и неформално образование. Советот ќе ја кофинансира реализацијата на оваа иницијатива и благодарам до советниците за поддршката“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Иницијативата за оспособување на кино е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ имплементиран од Граѓанската асоцијација за унапредување на развојните процеси „Про Локал“ во партнерство со општина Крушево и финансиран од Амбасадата на Кралство Холандија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира