Крушево ќе се поврзува со општина Кичево – ќе се санира патот с. Пуста Река – с. Цер

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од Општина Крушево информираат дека во соработка со централната власт Крушево ќе започне со санација на патот од с. Пуста Река, општина Крушево, до с. Цер, општина Кичево.

„Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредна ќе инсистираме на изнаоѓање извори на финансирање за асфалтирање и целосна функционалност на овој регионален пат“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Регионалниот пат кој води до с. Пуста Река беше целосно реконструиран, а изградба на асфалтен пат кон с. Цер ќе го олесни движењето и ќе ја унапреди поврзливоста на двете општини.

„По асфалтирањето на патот од Крушево до Пуста Река граѓаните апелираа да се работи на патот до с. Цер кој е достапен за користење за теренски возила, но не е фунцкионален.“, додава градоначалникот Христоски.

Проодноста на овој пат ќе обезбеди пократок пат до Кичево од неколку десетици километри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира