Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во партнерство со општина Долнени и општина Крушево, со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, обезбедија 45 контејнери за отпад.
Од нив 21 контејнер се за општина Крушево, додека 24 контејнери за општина Долнени, а со цел подобрување на јавната хигиена и зголемување на грижата за животната средина во вклучените општини.
Се надеваме дека МЗШВ и ИПАРД Агенцијата и оваа година ќе ги поддржат активностите на локалните акциони групи за подобар живот во руралните средини.
