Движење за промени ЛДП-ДОМ: Откажување од хонорарот на сите советници за основање на фондација за деца со ретки болести од Општина Прилеп


Приоритетите на програмата на граѓанско движење „Одлучно за промени“ на партиите ЛДП и ДОМ за Прилеп се поделени во повеќе области како инфраструктура, транспорт, спорт, култура, здравство, земјоделие, рурални подрачја.

ИНФРАСТРУКТУРА :

  • Решавање на сообраќајниот хаос во Прилеп со понуда на сообраќајни решенија за поквалитетно и побрзо движење низ градот.
  • Изградба на 4 кружни текови : кај сточно, новата автобуска станица, театарот и во Точила. Не багери, не рушење туку градење!
  • Решавање на статусот на катната гаража покрај реката.
  • Монтажни катни гаражани зад драгстор Игор и до новата општинска зграда

ТРАНСПОРТ:

  • Продолжување на движењето на автобуските линии до околните села, Мажучиште, Големо и Мало Коњари, Лагово, Галичани, Беровци и Канатларци.
  • Еднаш дневно линија до Витолиште.

СПОРТ

  • Конечно решавање на статусот на сала Македонија и Универзална сала
  • Средување на малските баскет и мал фудбал игралишта во Точила, Тризла, Гоце Делчев, кај градски базен, Варош и други.
  • Средување на скејт парк Могила

КУЛТУРА

  • Ставање во функција на киното
  • Организирање на културни манифестации и заживување на фестивалот на пивото

ЗДРАВСТВО

  •  Откажување од хонорарот на сите советници за основање на фондација за деца со ретки болести од Општина Прилеп. Фондацијата да ја формира новиот градоначалник.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ

  • Поддршка на тутунарите, доделување на бесплатни парцели за расади ( Точила, Салида, Варош, плетварско џаде ), субвенвенционирање на давање на скеле за тутун на секој тутунопроизводител

РУРАЛНИ ПОДРАЧЈА

  • Урбанизирање на на селските средини со поставување на урбана опрема ии решавање на комуналните проблеми во селата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира