Лихштајнер е првото засилување на Арсенал под водство на Емери

Facebook
Twitter
Email
Print

Англискиот премиерлигаш Арсенал го претстави првото засилување за следната сезона, што воедно е и прва аквизиција по доаѓањето на новиот менаџер Унаи Емери. Нов „топчија“ е искусниот швајцарски интернационалец Стефан Лихтштајнер, кој доаѓа како слободен агент, а досега го носеше дресот на италијанскиот првак Јувентус.

 

„Стефан ќе ни донесе непроценливо искуство во тимот. Тој е играч со одлични квалитети, позитивен на теренот и посветен на фудбалот. Во него Арсенал секако ќе добие големо засилување“, изјави новиот менаџер Унаи Емери за првото засилување на Арсенал.

 

34-годишниот десен бек сигурно ќе го донесе потребното искуство во одбраната на „топџиите“, а за место во тимот ќе е бори соХектор Белерин.

 

Швајцарскиот репрезентативец после седум години го напушти Јувентус и како слободен играч се пресели на „Емирати“. Лихтштајнер ќе го носи дресот со број 12.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци