Лишени од слобода тројца прилепчани, им била пронајдена марихуана во возилото


На 14.10.2022 во 21.50 час на ул „Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С. (22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. При претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира