На 31.07.2026 во 18:50 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.В.(42) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки управуван од А.В., при што констатирано било дека го управува без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден во 19:50 часот на ул. „Партизанска“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.М. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.М. (50), при што констатирано било дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Во 23:15 часот вечерта на ул. „Вера Циривири“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.К. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ф.К., при што констатирано било дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.