Македонија и Грција потпишаа програма за воена соработка за 2021 година

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Помош и поддршка за прашањата поврзани со интеграција на армијата на Македонија во НАТО структурите, обука и едукација во центри на грчката армија, соработка за низа теми од заеднички воен интерес, вклучува програмата за билатерална воена соработка за 2021 година потпишана меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Со потпишувањето на конкретната програма дополнително се надградува воената соработка и интероперабилноста меѓу вооружените сили на двете земји со спроведување како на заеднички вежби, така и оперативни активности. Во исто време, се истакнува клучната улога на Грција во брзата и ефикасна интеграција на соседната земја во механизмите на Алијансата, факт што ги промовира безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Балканот“, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија за потпишаната програма.

Поконкретно, програмата вклучува помош во прашањата поврзани со интеграција на армијата на Македонија во структурите на Алијансата, вклучува прашања за едукација и обука во грчки воени институции и школи на трите сектори на вооружените сили, обезбедување на специјализирана обука во неколку центри како што е Мултинационалниот тренинг центар за поддршка на мировни операции и Центарот за воздушна и ракетна одбрана, активности за понатамошна надградба на соработката во специјалните операции со спроведување на заеднички обуки во двете земји, како и соработка за сајбер просторите, информациите, воена медицина и логистиката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира