Македонија не е повеќе хибриден режим, сега е во групата на демократски земји со недостатоци

Според индексот на демократија за 2021. што секоја година година го објавува угледниот Економист, Македонија веќе не е „хибриден режим“ и се проби во групата земји оценети како „демократија со недостатоци“.

Според извештајот Македонија, Црна Гора и Молдавија се трите земји од Источна Европа чии индекси пораснале во 2021 година од „хибриден“, во „демократија со недостатоци“ (Flawed democracies).

Забележани и се назадувања во светот како на пример Шпанија и Чиле кои од земји со „полна демократија“, паднале во групата во која сега се наоѓа Македонија.

Она што го констатира извештајот на светско ниво е дека демократизацијата претрпела пресврт во 2021 година, при што процентот на луѓе кои живеат во демократија паднал под 50 отсто, а авторитарните режими зајакнале.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира