„Материјалот и формата“ – отворена прва самостојна изложба на Славчо Павлоски

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во Ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп, вчера (28.4.2023) беше отворена првата самостојна изложба на скулптури „Материјалот и формата” од младиот уметник Славчо Павлоски, кој се претставува со 15 дела изработени во мермер и дрво.

За изложбата најпрво говореше Игор Тасески кој рече дека Павлоски е талентиран уметник кој со неговите дела ја  истражува меката и тврдата форма во мермерот и дрвото, и дека скулптурите даваат различен визуелен ефект.

Професорот Александар Џинго посочи дека Павлоски е вонреден талент кој верно чекори по стапките на осознавање на уметноста и со својата посветеност влегол во канализирање на својата дарба и го покажал раскошниот талент.

Славчо Павлоски е студент на ФЛУ  при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Гоце Наневски. Има учествувано на повеќе ликовни колонии, а со изложба на слики  се преставил  во Нови Сад, Р. Србија. Член е на Друштвото на ликовни уметници- Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира