Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во Закон за правична застапеност

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи го тргањето на вадењето на нерезидентното население од балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.

„Не се укинува балансерот туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на Закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија“, рече Меџити.

Тој потенцира дека механизмот првично по 2001 година бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект.

„Имавме многу случаи каде Македонец се пријавуваше кога требаше да се вработи како Албанец, Турчин, Влав или нешто друго или обратно на локално ниво. Значи, не беше во функција, туку беше во контрафункција“, рече Меџити.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци