МЗ: 47% од населението над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина

Facebook
Twitter
Email
Print


Од Министерството за здравство информираат дека со една доза на вакцина против ковид-19 во земјава се вакцинирани 46,9 отсто од населението над 18 години, заклучно со 26 септември.

Кај лицата над 40 години опфатот со една доза изнесува 55 отсто, а кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина е помал, т. е 31%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци( 64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино (65,1%).

Помеѓу 50-60 % опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50 % опфат на вакцнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.

Помеѓу 30-40 %, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира