Млади лекари 3 месеци чекаат да бидат викнати на пракса за специјализација – бараат итно решение

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Група на млади лекари по општа медицина кои положиле стручен испит за лиценца за работа во Лекарската комора реагираат дека се жртви на дискриминација во системот на државата, затоа што само неколкумина лекари биле повикани на шестмесечна платена пракса која е предвидена според Законот за здравствена заштита, а останатиот дел од лекарите не се повикани поради непознати причини.

„После шест години редовни студии на Медицинскиот факултет и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост за нашата иднина.

Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Единствениот одговор на кој се повикуваат институциите е да бараме работа кај матични лекари, но веќе активни огласи за вработување во град Скопје и останатите градови, скоро и да нема.

Направени се напори и од страна на Министерството за здравство после склучената средба со министерот за здравство д-р Илир Демири, поднесено е барање до министерството за финансии за решавање на проблемот по итна и неодложна постапка, како и барање од Комисија за имунизација поради недостиг на медицински кадар во вакциналните пунктови во епидемијата со Голема кашлица која станува се поактуелна.

Важно е да ја добиеме оваа борба, доколку се одолговлечи одлуката од Министерство за Финансии и ДКСК за одобрување на финансиите од кои ни зависи започнувањето на платената пракса, следствено на тоа неправедно го губиме и правото да се пријавиме на првиот циклус на конкурси за специјализација. Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да одиме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење“, се вели во сопштението на група на млади лекари кои побараа поддршка од колегите, професорите, сите останати здравствени работници и граѓаните за да се изборат за своите права.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци