ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Создадени се услови за почеток на новата учебна година со физичко присуство, оцени денеска Главниот кризен штаб со кој раководеше премиерот Зоран Заев, на предлог на Министерството за образование и наука. Конечната одлука за начинот на кој ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на Владина седница.
Според членовите на ГККШ во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, се големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар, којшто во моментот изнесува 62%, од вкупниот број вработени во училиштата.
Во насока на започнување на новата учебна година се и протоколите за заштита од Ковид- 19, за настава со физичко присуство, кои се изработени од страна на МОН и веќе усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.
Протоколите се веќе доставени до училиштата, а може да се погледнат ОВДЕ.