Мурињо го краде Алексис Санчез од Сити?!

Facebook
Twitter
Email
Print

Манчестер Јунајтед неочекувано се вклучи во трката по ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез, објавија медиумите на островот.

 

Според „Телеграф“ Јунајтед дал понуда од 25 милиони фунти за чилеанскиот фудбалер за кого се веруваше дека е сигурно ново засилување за градскиот ривал Манчестер Сити. Манчестер Јунајтед им понуди на „топчиите“ можност да го добијат и Хенрих Мхтарјан, а информацијата беше потврдена од „Скај Спортс“ и „Гардијан“.

 

 

 

Ако се случи нешто вакво, тоа ќе биде реприза на еден ваков сличен голем трансфер, поточно преминот на Робин Ван Перси во 2012 година од Арсенал во големиот ривал Манчестер Јунајтед.

 

Се претпоставува дека понудата кон самиот играч е дури и повисока од онаа на „граѓаните”. Пред неколку дена, беше објавено дека Санчез, чиј договор во Лондон завршува по крајот на сезоната, се согласил да премине во Сити за плата од 250.000 фунти неделно.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци