Шумски полицајци пукале во воздух – дрвокрадци ги нападнале кај село Долнени

Денеска (08.03.2023) во 00.44 часот пред с. Долнени, шумски полицајци додека извршувале службени дејствија пронашле товарно возило „там“ без регистарски ознаки и го одзеле, при што биле физички нападнати од Р.М. од с. Црнилиште и уште три лица, кои со патничко возило „фолксваген пасат“ и со тврди предмети ги оштетиле службеното и одземеното возило.

Притоа, еден од шумските полицајци испукал во воздух еден куршум од службениот пиштол, во знак на предупредување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

\

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира