Најстарата панда во светот наполни 37 години

Зоолошката градина во Чунгкинг, Кина организираше роденденска забава за Ксин Ксинг, најстарата џиновска панда во заробеништво во светот, која наполни 37 години, што е еквивалент за 110 човечки години.

 

Бабата панда доби растителна торта и својот роденден го прослави во зоолошката градина во друштво на стотина свои фанови.

 

Според соопштението од зоолошката, пандата е во добро здравје и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои редовно вршат мерења и го следат нејзиното здравје. Ксин Ксинг секој ден јаде по 30 киклограми бамбуси, еден килограм јаболки и фуражни растенија.

 

Во зоолошката е доведена кога имала една годинка. Пристигнала во 1983 година, а почнала со размножување во 1992 година. Во 2002 година родила близнаци и поставила рекорд за панда која родила во нејзиниоте дваесетти години. Бремена била 8 пати и има родено 10 панди.

 

Испаѓа дека таа е баба на сите панди во заробеништво. Има 137 потомци кои живеат во над 20 земји меѓу кои се САД, Канада, Јапонија, Белгија и други.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци