На „Бехтел и Енка“ исплатени 167 милиони евра – се подготвува експропријација на земјиштето

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

За „Бехтел и Енка“, конзорциумот што ќе гради повеќе делници од коридорите 8 и 10д, досега се исплатени околу 167 милиони евра, информираше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата. Исто така во моментот се работи на елаборатите за експропријација.

„Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и корисорот 10д. Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација. Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни активности за проектирање на сите траси и патните коридори. Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата, кои проектираат, ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме, најверојатно следната недела ќе доставиме барање до Министерството за танспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријација, а потоа и со градежни работи“, истакна Рустеми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира