На Василица во Прилеп – сите граѓани се поканети на платото кај Саат Кулата

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во организација на Општина Прилеп на 13.01.2022, на платото кај Саат Кулата ќе се одбележи доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар.

„Воочи големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, Општина Прилеп ги поканува  граѓаните во периодот од 11.00 до 13.00 часот да дојдат на плоштадот кај саатот и да се почестат со парче бурек, варено вино или чај, кои ќе бидат поставени на места специјално подготвени за таа намена.

Производите што ќе се делат се обезбедени од страна на неколку општествено одговорни компании: Пекара Џулијано, Фурна Маја, Фурна Алекс и Винарија Пирган, Ресторан Стара Чаршија.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На овај ден традиционално се дели и пита со паричка, а на онај што ќе му се падне паричката се верува дека ќе биде среќен во текот на целата година“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира