На двегодишнината од катастрофалниот пожар, Тила се враќа посилна со нова Е-продавница

По точно 2 години од катастрофалниот пожар кој што го зафати погонот на Тила, брендот за детска облека од Прилеп, оваа општествено одговорна компанија не само што целосно се врати на пазарот, туку и го унапреди своето работење преку новите услуги и отворањето на нивната Е-продавница. Токму тоа е и темата и причината за нашиот разговор кој што го направивме со нивниот менаџмент.




Во прилог целото интервју кое што го направивме со Влатко Шејкероски, генерален менаџер на Тила.


Здраво и добредојдовте. Можете ли накратко да ни кажете што е Тила и зошто е посебна?

Здраво и фала што нè поканивте! Тила е првиот и единствен производител на детска облека во Македонија. Целосно сме посветени на квалитетна, удобна и безбедна облека за деца, изработена со љубов и внимание, токму тука во нашата држава. Нашата облека е дизајнирана и произведена во Македонија, со фокус на природни материјали и удобност за најмалите.

После точно 2 год. од пожарот промовирате нова Е-продавница на Тила. Кога дојде идејата за ваков тип на продавница?

Оваа продавница требаше да се промовира токму пред пожарот, но пожарот го уништи и целиот тој труд кој го вложивме во овој проект бидејќи целата залиха и производство ја загубивме.

Што ќе нуди Tilla.mk?

Tilla.mk, нашата нова веб страна е дизајнирана како комплетна онлајн продавница. Родителите ќе можат лесно да прелистуваат, избираат и купуваат облека за нивните деца директно од дома. Ќе нудиме детална филтрација по возраст, пол, сезонска облека и специјални колекции, како и ексклузивни попусти само за онлајн купувачи.

Кој ви е фокусот при дизајнирање на детската облека?

Првенствено комфор и сигурност. Материјалите се внимателно одбрани, најчесто органски памук или сертифицирани ткаенини. Освен тоа, внимаваме на модерен и разигран дизајн, со светли и живи бои, затоа што децата заслужуваат и стил и удобност.

Дали има можност за нарачки и од странство?

Засега фокусот ни е Македонија, но наскоро планираме и регионални испораки. Работиме на можности за испорака во Србија, Косово и Бугарија, а во иднина и ЕУ. Имавме неколку нарачки за Австралија, Швајцарија, Германија и Америка и затоа работиме на тоа во иднина да биде овозможено плаќање за во овие држави.

Како ќе се справувате со враќања и замени преку веб страната?

Имаме јасна и фер политика за враќање. Секој родител ќе може да врати или замени производ доколку не е соодветен, во рок од 14 дена, со брза и лесна процедура. Задоволството на клиентите ни е приоритет.

Дали ќе има некои специјални понуди за отворањето на веб продавницата?

Да! Ќе имаме лансирање со 10% попуст на сите производи, бесплатна достава за првите 100 нарачки, како и подароци за најбрзите купувачи. Сакавме да направиме вистинска online прослава за сите кои нè поддржуваат.

Колку овде кај нас е безбедно да се купува онлајн и да се плаќа со картичка?

Безбедно е да се плаќа онлајн со картичка на Tilla.mk. Процесирањето на нарачките оди преку банка и сите трансакции се шифрирани, а Tilla не ги зачувува податоците за картичката, така што нашите купувачи имаат 100% загарантирана сигурност при купување онлајн. Освен плаќањето со картичка, ќе биде овозможено и плаќање при достава на производите.

Кој е вашата порака до родителите во Македонија?

Ви благодариме што низ годините го поддржувате домашното производство и што знаете како родители да препознаете квалитет. Со секое купено парче од Тила, вие не само што избирате квалитет за вашето дете, туку поддржувате локална економија, работни места и една визија – дека и кај нас може да се создаде нешто прекрасно за најмалите. Ве покануваме да ја откриете новата Тила онлајн!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира