На 10.10. Меѓународен традиционален турнир во џудо-„Прилеп Град Херој-2026“ ЦЕВИТАНА КУП

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 10.10.2026 година Сабота во Спортската сала на СОУ Р.Р. Ричко Прилеп ќе се одржи 16-ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо – „Прилеп Град Херој-2026“ ЦЕВИТАНА КУП.

Турнирот е во организација на Џудо Клубот Сеишин-Прилеп и се оджува традиционално по повод националниот празник 11 ти Октомври кој секоја година е влезен во програмата за прослава на овој празник на ниво на општина Прилеп.

Оваа година се очекува присуство на над 300 натпреварувачи од клубови од 8 држави ( Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора, Словенија и Македонија) и ќе биде за возрасните категории, деца, помлади пионери и пионери во машка и женска конкуренција.

Борбите ќе се одвиваат на 4 борилишта (татами), а правдата ќе ја делат покрај судии од нашата држава и судии од странство.

Програма:

10.00 -10.30 Свечено Отварање

10.30 – Почеток на Борбите.

Ве покануваме и ќе ни биде особена чест и задоволство доколку земете присуство на овој настан. со Почит. Џудо Клуб Сеишин – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци