На 14.06. бидете дел од хуманитарната трка „Трка со срце – Prilep Run 2026“ – Ротаракт Клуб Прилеп со нов хуманитарен настан

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

На 14.6.2016 Ротаракт Клуб Прилеп ќе ја организира хуманитарната трка „Трка со срце“, спортски настан кој оваа година ќе се одржи на патеките од 5 и 10 километри низ улиците на Прилеп.

Настанот има за цел преку спортот да се испрати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно.

Под мотото „Трка со срце“, сите собрани средства од трката ќе бидат наменети за донација на електромагнетен стимулатор, како и поддршка за повредените во Кочани.

Организаторите најавуваат учество на рекреативци, професионални тркачи, млади луѓе и граѓани кои сакаат да бидат дел од една позитивна, хумана но и пред се инклузивна приказна. Трката ќе биде симбол на солидарност и потсетник дека малите чекори на секој поединец можат да направат голема промена за некого.

Поради непречено и безбедно одвивање на настанот, дел од улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени во времетраење од околу 3 часа во недела на 14 јуни во утринските часови (08:00-11:00).

Од Ротаракт клубот упатуваат молба до граѓаните за разбирање, трпение и почитување на времената сообраќајна регулација.

„Ова не е само спортски настан, туку повик за заедништво, емпатија и поддршка. Веруваме дека Прилеп повторно ќе покаже дека има големо срце“, велат организаторите.

Пријавувањето за учество е веќе отворено, а организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот и хуманоста да бидат дел од „Трка со срце – Prilep Run 2026“ и заедно да испратат силна порака дека хуманоста секогаш победува.

Регистрација на е-маил адресата: trkasosrce@gmail.com на телефонскиот број: 075 416 731 илина https://forms.gle/raFmQANb8VuZNdQN8

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци