На 3 јуни во кино „Мис Стон“ ќе се одржи проекција на филмот „Железна тврдина“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Нa 3 јуни во 20:00, Во просториите на киното „Мис Стон“ во Прилеп, ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм „Железна тврдина – Филмска работилница”, во режија на Митко Панов.

Заедно со гостите меѓу кои Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Синоличка Трпкова, Благоја Грујовски, Атиџе Муратова, актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар. Филмот е снимен во соработка на Н.О. НЕБО, од Суводол, предводена од Јасмина Котевска и Стефан Шашков. Темата е “Филмот како терапија”, во контекст на веќе популарното користење на цртежот, сликата, музиката и раскажувањето како терапевтски и дијагностички алатки во работа со лица со психички нарушувања.

“Железна тврдина” го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки но со документаристички пристап, филмската приказна вплотува и елементи на фантазија, односно бајка.

Поголем дел од филмот е снимен меѓу 2021 и 2023 година, за време на филмските работилници организирани со цел да се пребродат долгите интервали на пандемски затварања и изолација, кои негативно се одразија на пациентите.

“Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативните вежби полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и изведените идентитети почнуваат да се преклопуваат. Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесноста и несвесноста се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘oдблиску, никој не е нормален’.”

Влезот е СЛОБОДЕН.

За разлика од телесното (физичко) здравје, менталното здравје и хигиена, се чест предмет на стигмитизција, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.  Со оглед на тоа, процесот на ре-социјализација и адаптација е макотрпен и долг речиси невозможен без соодветни механизми и хуманитарен ангажман од страна на здравствените институции, образованието, но и секој од нас поединечно. Гледан од таа перспектива, прерогатив на филмот е подигнување на нивото на свеста и информираност меѓу граѓаните.       

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци