На 9 и 10 јули на сцена 105 во „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведена претставата „ПОВИК“

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 9 и 10 јули (четврток и петок) 2026г. од 20.00 часот на сцена 105 во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведена претставата „ПОВИК“.

Автор и режија: Јован Ристовски,

Костимограф: Марта Дојчиновска

Во претставата играат:

Марија Стефановска – Сликарка

Катерина Аневска – Актерка

Николе Стефанов – Режисер

Маја Андоновска Илијевски – Кустос

Наталија Ристеска – Сенка на Сликарката

Марија Талеска – Бабар / Мечкар – Сенка на Сликарката

„Повик“ е приказна за современиот уметник, раскажана низ судбината на една млада сликарка која се обидува да ја пронајде вистината во свет во кој уметноста сè почесто станува производ, нарачка и кич. Претставата отвора прашања за изгубениот идентитет, за судирот меѓу личниот интегритет и очекувањата на општеството, како и за конфликтот помеѓу слободното творештво и системите што настојуваат да го обликуваат човекот. Нејзината борба не е само професионална – таа е борба да остане човек, да не го изгуби сопствениот глас и да остане верна на својата интуиција.

Но ова не е приказна за поразот. Ова е приказна за можноста повторно да се роди уметноста. За надежта дека, и покрај политичките, економските и општествените притисоци, човекот сè уште може да ја избере вистината, слободата и автентичноста. Инспирирана од научните трудови на Карл Густав Јунг, претставата ги истражува архетиповите, сенката и процесот на лична трансформација, отворајќи силни прашања за индивидуалниот и колективниот идентитет. Воедно, ова е и омаж на жените – на нивната сила, мудрост и способност да создаваат, обновуваат и менуваат, затоа што секоја вистинска преродба започнува со храброста гласно да се изговори вистината. Низ претставата одекнува една силна мисла – „НИЕ МОЛЧИМЕ.“

Театарската претстава е независен проект, поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Heartefact Fund. Претставата е дополнително поддржана од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia). Партнер и логистичка поддршка е НУ Центар за култура – Битола.

Влезот е слободен. Влезниците можат да се подигнат од билетарницата од Центарот за култура  на: 9 јули од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот и 10 јули од 18:00 до 20:00 часот

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци